По повод големиот православен празник Бадник, кој го најавува Христовото раѓање Божик, најголемиот производител на леб и печива А.Д. „Жито Леб“-Охрид, утре, 6-ти јануари, во продажба ќе пушти погача под преса со сусам од 500 гр. со паричка, по цена од 45 денари.

Бадниковата погача со паричка може да се купи во сите подобро снабдени продажни места и маркети, како и во млечните ресторани на „Жито Леб“ кои за божиќните празници ќе работат со следното работно време:

Млечниот ресторан на АД Жито Леб Охрид кај Гимназија на 6-ти јануари ќе работи од 5 до 17 часот, а на 7- ми јануари од 7 до 13 часот.

Исто работно време на овие денови ќе има и млечниот ресторан кај автобуската станица.

Објектот на Жито леб кај пазарот на 6-ти јануари ќе работи од 6 до 17 часот, а на 7-ми јануари од 7 до 13 часот. 

Продавницата кај чинарот на 6-ти јануари ќе работи од 6 до 17 часот, а на 7-ми јануари од 7 до 13 часот.

Млечниот ресторан кај Охридати на 6-ти јануари ќе работи од 8 до 15 часот, а на 7- ми јануари од 8 до 13 часот. 

Објектот на АД Жито леб, кај „Нико Нестор“ во Струга на 6-ти јануари ќе работи од 6 до 17 часот, а на7-ми јануари од 7 до 13 часот.

Останатите денови овие продажни места ќе имаат редовно работно време.

OhridNews