Најновото и најскапото засилување на Олд Трафорд, Пол Погба нема да биде во комбинација за првиот меч на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата кој „ѓаволите“ ќе го одиграат против Бурнмаут.
23-годишниот Французин минатата сезона во финалето од Купот на Италија против Милан добил жолт картон вкупно втор во натпреварувањето, а суспензијата од еден меч му се пренесува автоматски и во англиската Премиер лига.
Сепак, Погба не беше во плановите на Жозе Мурињо бидејќи само што се врати од летниот одмор по завршувањето на Европското првенство.
Францускиот интернационалец за рекордни 105 милиони евра се пресели во Манчестер Јунајтед од италијанскиот шампион, Јувентус.
OhridNews