Репрезентативецот на Франција, Пол Погба најави дека постои опција да замине од Олд Трафорд и предизвик да побара во друга средина. Погба кој е најскапото засилување во историјата на Манчестер Јунајтед не ги оправда очекувањата и вложените средства од клубот а разделбата е се по извесна откако и фановите не се задоволни од перформансите на Французинот.

  • Како што сите велат, има многу шпекулации, но и многу размислувања. Три години сум во Манчестер и задоволен сум, некои добри моменти и некои лоши моменти, како кај сите и како на други места. По се што се случи оваа сезона, мислам дека е можеби подобро да имам некој нов предизвик на друго место. – изјави Погба.

Погба на Олд Трафорд се пресели од Јувентус пред три сезони за 100 милиони евра. Французинот е мета на Реал Мадрид а „црвените ѓаволи“ одредија цена од 160 милиони за неговите услуги.

OhridNews