Медицинските прегледи го делат на францускиот репрезентативец Пол Погба од трансфер во Манчестер Јунајтед од италијанскиот Јувентус.
Оваа информација ја пренесе официјалниот интернет сајт на клубот од Олд Трафорд кој на „старата дама“ за купувањето на Погба ќе му исплати 100 милиони фунти.
Трансферот на Погба во редовите на „црвените ѓаволи“ ќе биде практично враќање во старото јато, откако 2012 година без оштета замина од Јунајтед и премина во Јувентус.
По официјализација на трансферот на Погба, тој ќе стане рекорден и ќе ги надмине трансферите на Кристијано Роналдо и Герет Бејл кои за 94 односно 100 милиони евра преминаа во Реал Мадрид.
Погба на медицински прегледи на Олд Трафорд
OhridNews