Манчестер Јунајтед ги освои првите бодови во Лигата на Шампиони после триумфот над Базел 3-0, но го изгуби Пол Погба кој се повреди во првиот дел.

Францускиот интернационалец ја повреди задната ложа, а според првичните прогнози ќе паузира три седмици.

– Претпоставувам дека таква повреда значи пауза неколку недели. Нема да плачиме, бидејќи ги имаме Андер Ерера, Карик, Фелаини и Матиќ. Таков е фудбалот, некогаш се случуваат непланирани работи. – изјави Жозе Мурињо.

На местото од Погба во игра влезе Маруане Фелаини, кој го отвори резултатот и асистираше за Маркус Рашфорд кој ја запечати победата

OhridNews