Францускиот интернационалец Пол Погба не го импресионираше менаџерот на Њукасл, Рафа бенитез иако повратникот во редовите на Манчестер Јунајтед беше творец на победа (4-1) постигнувајќи погодок и асистирајќи за Ентони Марсијал.

Шпанскиот стручњак одбегна споредба помеѓу Погба и некогашниот капите на Ливерпул, Стивен Џерард, кој кариерата ја заврши без освоен трофеј во Премиер лигата.

– Не можам да ги споредам Џерард и Погба. Стивен играше на големо ниво десеттина сезона. Тој беше константен и можеше да направи разлика на теренот, без обзир дали ја има или ја нема топката во посед. Погба е одличен играч, но се уште го нема континуитетот и авториретот на Џерард. Едноставно, Погба не е мој тип фудбалер, иначе тој е добар фудбалер како и останатите играчи на Манчестер Јунајтед. – изјави Бенитез.

Џерард и Бенитез соработуваа на Енфилд осум сезони, а најголемиот успех им беше освојувањето на титулата во Лигата на Шампиони 2005 година во епското финале во Атина против Милан.

OhridNews