Генералниот менаџер на Јувентус, Фабио Паратичи, ја исклучил можноста Пол Погба да се врати во клубот. Погба наводно сака да го напушти Манчестер јунајтед и не би имал ништо против да се врати во Јувентус, но од Торино ги отфрлија овие наводи.

  • Многу го сакаме Погба, имаме некаква врска со него, но никогаш не сме размислувале да го вратиме. Воопшто не е во нашите планови. – изјавил Паратичи и дополнил.  – Сергеј Милинковиќ-Савиќ? Извонреден фудбалер, но јас ви гарантирам дека немаше никакви преговори, ниту со него, ниту со неговиот тим.

Потоа тој проговорил и за Кристијано Роналдо и ситуацијата во која се најде Португалецот после обвинувањата за силување.

  • Кристијано е најдобриот играч во историјата на фудбалот, очигледно е дека многу работи се сменија во Мадрид по неговото заминување. Тој е голем професионалец и сега ја има нашата целосна поддршка. – порачал Паратичи.

OhridNews