Манчестер Јунајтед на својот официјален интернет сајт го официјализираше враќањето на Пол Погба на Олд Трафорд. Французинот пред неколку години без оштета од Јунајтед се пресели во Јувентус, а сега „ѓаволите“ за него платија 100 милиони фунти.


– Воодушен сум што се враќам во Манчестер. Овој клуб секогаш имаше посебно место во моето срце. Исто така се радувам што ќе соработувам со Мурињо кој е еден од најдобрите менаџери во светот. Сакам да му се заблагодарам на Јувентус и сите навивачи. Разделувањето не значи ништо, важно е убавото време кое го поминавме заедно. Уживав во годините поминати во Италија, но мислам дека вистинско време беше да се вратам во Манчестер и да остварам моите соништа. – рече Погба на преставувањето.


Францускиот репрезентативец Пол Погба со „ѓаволите“ потпиша петгодишен договор, а ќе заработува 290 000 фунти неделно.

– Погба е еден од најдобрите играчи во светот и ќе биде нашиот клуч на екипата сега и во иднина. Тој е брз, јак, постигнува голови и одлично ја прати играта. Има само 23 години и има можност околу себе да изгради екипа која ќе доминира наредните пет години. – потенцираше Мурињо.

Поранешниот фудбалер на Јувентус е четврто засилување за Манчестер Јунајтед, откако на клубот му пристапија Златан Ибрахимовиќ, Ерик Бејли и Хенрик Микхтаријан.

OhridNews