Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, поради повреда на бутниот мускул еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени.
Францускиот репрезенативец се повреди на осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите, против Борусија во Дортмунд. Погба настапи 20 минути во Дортмунд, а Јувентус на крајот убедливо победи со 3:0 и првпат по 2006 година избори пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Поради повредата Погба ќе го пропушти првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите, натпреварите во Серија А против Џенова, Емполи и Парма, како и контролните натпревари на Франција со Бразил и Данска.
Погба оваа сезона во сите натпреварувања има одиграно 28 натпревари за Јувентус на кои постигнал осум голови.
„Макфакс“