Колку и да тврди Жозе Мурињо дека не е во конфликт со најскапиот фудбалер на тимот, Пол Погба, однесувањето на Французинот издава нешто сосема поинакво. Ова стана очигледно во интервјуто на играчот од средниот ред со англиските медиуми утринава.

– Играчите не се виновни за ништо. Дома мораме да напаѓаме, напаѓаме, напаѓаме. Господе, тоа е „Олд трафорд“. Ние сме на овој стадион, за да напаѓаме. Противниците се плашат кога гледаат како Јунајтед напаѓа во својот дом. Само тоа беше нашата грешка, дека не напаѓавме постојано. – изјави Французинот.
Тој додаде дека не е човекот кој треба да им објасни зошто не напаѓале во овој натпревар и што ги запира како целина. – Не сум менаџерот јас за да ви го дадам овој одговор. Јас сум само фудбалер. Но, не сум јас тој кој го запира Манчестер Јунајтед, изјави Погба и одговори во сличен стил, а и со провокативна насмевка, на прашањето дали навистина имало доволно темпо во играта на тимот: „Очигледно е дека треба да побараме различни опции, различни изведувачи. Но, моето разбирање за играта е тоа – треба да играме со повеќе брзина, да се движиме повеќе добро.
OhridNews









