Во екот на подготовките за полуфиналниот меч со Реал Мадрид во Лигата на Шампиони, Јувентус претрпе голем удар откако италијанските медиуми објавија оти Пол Погба постигнал усмен договор со Пари Сент Жермен.


Францускиот репрезентативец долго време беше таргет број еден на трансфер пазарот, а изгледа ПСЖ со богата понуда успеа да го убеди фудбалерот за врска.

Агентот на Погба, Мино Раиола, кој имал средба со челниците на ПСЖ веднаш се договорил и за 80 милиони евра Французинот ќе ги смени боите на клубот.

„Старата дама“, Погба во своите редови го донесе од Манчестер Јунајтед, кој тогаш замина од клубот по караницата со Сер Алекс Фергусон.

Ohridnews