Англиските екипи Арсенал, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, шпанските гиганти Барса и Реал Мадрид и Пари Сент Жермен ќе се борат за потписот на Пол Погба, кој настапува во Јувентус.


Шпанските екипи имаат голема предност пред останатите клубови бидејќи, францускиот репрезентативец посакува да игра во Шпанија.

Поради забраната за трансфери на Барселона главниот збор ќе го има Реал Мадрид, кој не ја крие заинтересиранаста за везниот фудбалер.

Погба во Торино се пресели од Манчестер Јунајтед, кој е пак подготвен да плати 80 милиони евра за услугите на фудбалерот од својата академија.

Во игра секогаш е и Манчестер Сити и ПСЖ додека најмалку шанси му се даваат на Арсенал, кој финансиски неможе да се токми со петте други клубови.

Мх.П.