Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, го продолжил договорот со клубот на уште пет години, потврди директорот на Јувентус, Бепе Марота.
Претходниот договор на францускиот репрезентативец истекуваше во јуни 2016 година, но со оглед на тоа дека неколку европски екипи покажаа интерес за Погба Јувентус решил да му понуди нов договор со подобри финансиски услови.
Клубот не ги соопшти финансиските детали од новиот договор.
„Имавме состанок со Марота и решивме да ја продолжиме соработката. Сите сме презадоволни останува само договорот официјално да биде потпишан“, ја потврди веста менаџерот на Погба, Мино Раиола.
Погба во Јувентус пристигна во 2012 година како слободен играч од Манчестер Јунајтед. За ’старата дама’ има одиграно 96 натпревари и постигнато 15 голови.
„Макфакс“











