Екипата на Јувентус ја продолжи победничката серија и битката со Наполи за тронот во Италија, победувајќи со минимални 1-0 на гостување во Рим против Лацио.

Во бледиот натпревар на Олимпико гостинските фудбалери до трите бодови дојдоа во последните десет секунди благодарание на Пабло Дибала. Аргентинецот со мало ремек дело ги надмудри домашните дефанзивци и во пад го матираше Томас Стракоша кој немаше ниту една интервенција во текот на натпреварот.

Наполи ќе има шанса да се врати на врвот, но ќе мора да ја совлада Рома во дерби средбата пред своите гледачи.

OhridNews