Воиграната „цепелин“ акција на Игор Карачиќ и Тимур Дибиров се најде на врвот од листата пет најдобри голови во петтата рунда од Лигата на Шампиони.
Погодокот на колото е мала утеха за „црвен црните“ кои на гостувањето во Данска кај Колдинг го претрпеа првиот пораз сезонава.
Меѓу најдобрите голови во петтата рунда имаше место и за играчот на Металург, Јанко Божовиќ кој маестрално од далечина ја погоди мрежата на романците.
Една од успешните интервенци на чуварот на мрежата на Металург, Дупјачанец се најде во топ 5 одбрани во изборот на ЕХФ.
Најдобрите седум ракометари во ЛШ.
Ohridnews











