Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов , информира за новата мерка за зголемување на финансиската поддршка на самохраните родители коишто имаат деца со пречки во развојот. Мерката е насочена кон унапредување на заштитата на децата со пречки во развојот и има за цел да им помогне на самохраните родители кои што имаат деца со пречки.
– За таа цел Владата на Република Македонија на последната седница усвои мерка за поголема финансиска поддршка на самохраните родители кои што имаат деца со пречки во развојот, односно зголемувањето на износот на правото на посебен додаток за една половина односно во висина од 50%. Посебниот додаток за самохрани родители на деца со пречки во развојот изнесува 4.280,00 денари, а со предлог мерката се предвидува зголемување на правото на посебен додаток при што истиот ќе се исплаќа во износ од 6.420,00 денари, за што во буџетот на Министерството ќе се обезбедат дополнителни средства во висина од 6.676,800 денари”, рече министерот Спасов.
За реализација на оваа предлог мерка следи измена на Законот за заштита на децата која ќе биде доставена до Владата на Република Македонија до крајот на септември и по усвојувањето ќе се достави до Собранието на Република Македонија. Се предвидува зголемувањето на правото на посебен додаток за самохрани родители на деца со пречки во развојот, за 50 % да започне да се реализира од почетокот на 2014година.
– Со ова уште еднаш се потврдува посветеноста на Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Македонија континуирано да спроведуваат конкретни мерки за унапредување на положбата на родителите на децата, но и на самите деца со пречки во развојот. Остануваме посветени на оваа област и не се исклучува можноста дека во иднина ќе произлезат дополнителни мерки за поддршка”, истакна министерот за труд и социјална политика.
Ohridnews