Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 60%, додека кај продажбата од сопствено производство на претпријатијата бележи зголемување за 119,3%.
Зголемување на вредноста на вкупниот откуп и на продажбата е забележено кај житата, индустриските, градинарските и фуражните растенија, овошјето и грозјето, алкохолните пијалаци, млекото и млечните производи, додека намалување е забележано кај добитокот, живината и јајцата и рибата.