Земјоделците кои годинава ќе произведуваат градинарски култури ќе добијат поголеми субвенции во рамките на Програмата за поддршка на земјоделството.

Од приближно 2,6 милијарди денари наменети за финансиска поддршка на растителното производство, за минимум засејани 0,2 хектара со градинарски култури, за секоја култура одделно. На пример производителите на домати и краставици ќе добијат по 30 илјади денари за хектар, а за пипер и компир по 23 илјади денари.

По 20.000 денари за хектар, за најмалку 0,2 хектара ќе добијат градинарите кои оваа година ќе произведуваат режано цвеќе, грав, боранија, грашок, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, зелена салата, брокула, спанаќ, како и оние кои ќе се ориентираат кон производство на карфиол, морков, целер, цвекло, пашканат, аспоарагус, ротквици, цвеќе и култивирано произведени ароматични и зачински растенија, информираат од Министертвото за земјоделство шумарство и водостопанство.

Од таму додаваат дека за земјоделците кои ќе произведуваат калемени лубеници, за тикви, тиквички и за декоративни садници, со мерките од Програмата за финансиска поддршка за растително производство, предвидена е субвенција од 6 илјади денари за хектар. Производителите на дињи ќе добијат повисоки субвенции, по 10 илјади денари за хектар, за минимум 0,2 хектари произведена површина.

Новина во годинашната Програма е тоа што градинарите производители на некалемени лубеници ќе добијат дополнителна поддршка од 10 илјади денари за хектар.

OhridNews