Новоформираното општинско јавно претпријатие „Погребални услуги“ иако нема добиено лиценца за работа од Министерството за транспорт и врски, врши услуги и истите ги наплаќа. Деновиве мнозинството во општинскиот совет донесе одука за покачување на цените на одредени услуги на јавното поретпријатие, на што негодува опозцијата.

– Не постои никаква економска оправданост за поскапување на цените, ниту објаснување зошто се прави тоа и што е најважно зошто една фирма која сеуште нема лиценца за работа се нуди да зголемува услуги кои што не може легално ни да ги врши, вели Деjајн Пановски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Реагира и лиценцираниот оператор за вршење погребални услуги „Мирен Сон“ од каде укажуваат дека јавното претпријатие незаконски врши дејност, што претставува кривично дело.

– Јавното претпријатие за пограебални услуги работи нелегално, односно нема лиценца за вршење на дејност, а ги зголемува од друга страна цените и сеуште ги врши погребалните услуги во Охрид , што е спротивно на законот согласно кој се соочуваат со казна од 3 до 5 години затвор покрај паричните казни кои ги сноси правното лице, изјави Даниела Кузманоска од „Мирен Сон“.

Од ЈП „Погребални услуги“објаснуваат дека поскапувањето се однесува на дополнителната незадолжителна опрема, додека цените на основните услуги остануваат непроменети. Оттаму признаваат дека сеуште немаат лиценца за работа, посочувајќи дека станува збор за недоразбирање поради што Министерството за транспорт и врски го одбило  барањето за издавање дозвола за вршење дејност. Советот кој и покрај ова изгласа корекцијата на цените на услугите на ЈП „Погребални услуги“, очекува надлежните институции да го решат настанатиот проблем.

OhridNews