Погрешно му дијагностицирале рак и го довеле до банкрот
08.05.07 10:10
Британецот Џон Брендрик се наоѓа пред банкротирање, а сето тоа заради погрешна лекарска дијагноза. Имено, докторите на Џон му дијагностицирале рак и му рекле дека има уште најмногу една година живот.
Овој се помирил со судбината и одлучил остатокот од животот да го помине во уживање. Ја продал колата, дал отказ од работа, престанал да ги плаќа ратите за куќата и почнал да ги троши парите на скапи вечери и проводи.
Ја продал и сета своја облека освен оделото во кое требало да биде закопан. После година дена, отишол в болница и било утврдено- дека никогаш и немал рак.
Во 2005 Брандрик се пожалил на болки во стомакот, било утврдено дека има тумор на панкреасот долг 5 цм и дека има уште 12 месеци живот.
Сега, после добрата вест, Џон мора да ги реши финансиските проблеми. По се изгледа ќе мора да ја продаде куќата вредна 280.000 фунти, а се спрема да ја тужи болницата. Болницата пак тврди дека по тогашните наоди, секој би поставил таква дијагноза, јавува Дејли Меил.
СВР Охрид ја известува јавноста дека во изминатиот период повторно зачестија пријави од граѓани за различни видови интернет и компјутерски измами, како и измами за сторени сообраќајни прекршоци рег...
По повод 8 Декември, Денот на „Св Климент Охридски“, Патрон на градот, Општина Охрид распиша награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба Темата на конкурсот треба да се однесув...
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата возилата кои учествуваат во јавен со...