Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 40-годишен стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Како што информираат од министерството за внатрешни работи, на 10-ти октомври, на улицата „15-Корпус“ во Струга, полициски службеник го предупредил лицето да го тргне погрешно паркираното возило, по што тој му упатил навреди и сериозни закани по животот.
После тоа влегол во возилото и се одалечил од местото на настанот.
OhridNews












