Поранешната девојка на водачот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун е погубена заедно со уште 11 лица пред водот за стрелање на 20 август поради снимање и продавање на порнографија.
Повикувајќи се на кинески извори, медиумите пишуваат дека пејачката Хјонг Сонг-вол е фатена со водачот на оркестарот во којшто пеела поради кршење на севернокорејските закони за порнографија, па двајцата биле застрелани три дена откако ги фатиле, пишува Chosun.com, пренесува „Макфакс“.
Сите 12 погубени се членови на оркестарот Унхас, пејачи, играчи и музичари на бендот Њангјаесан Лигхт Мусиц, а се обвинети за снимање секс и продавање на тие снимки.
Ким Јонг Ун ја запознал Хјон Сонг-вол пред десет години, но неговиот татко му наредил да ја прекине врската со неа, па потоа таа се омажила за војник.
Оттогаш се шушкало дека двајцата продолжиле да се гледаат и биле во тајна врска. Сегашната сопруга на Ким, Ри Сол-ју исто така е поранешна членка на оркестарот Унхас.
Сите 12 уметници се погубени со автоматски пушки пред очите на своите родители и членовите на семејствата. Нивните семејства, пак, се испратени во логори.
OhridNews
извор:„Макфакс“