Увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација, во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК, и Црвен крст Охрид продолжува да се
реализира и во компаниите во Охрид.
Во таа насока, а со цел да се подигне нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи денес во компанијата ЛТХ Леарница во индустриската зона Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување на вработените во компанијата, според соодветно сценарио за случена елементарна непогода, информираат од Црвен крст Охрид.
Вежбата е предвидено да започне во 13:45 часот и ќе трае до 14:00 часот.
OhridNews