Според соодветно сценарио ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ практично го примена оперативниот план за заштита и спасување и планот за евакуација во училиштето преку реализација на показна тренинг вежба, информираат од Црвен крст Охрид. На вежбата учествуваа и соодветни тимови на Територијалната против пожарна единица Охрид, СВР Охрид и Црвен крст Охрид, како и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Целта беше, учениците, професорите и техничкиот персонал во училиштето да се запознаат и ги разработат начините на заштита и насоките на движење при евакуација од училишната зграда, после случен земјотрес и пожар, велат од Црвен крст Охрид и најавија реализација на вакви вежби  и во останатите средни и основни училиште во Охрид и Дебрца.

 

 

OhridNews