Македонската женска фудбалска репрезентација претпре убедлив пораз со 4-0 на гостувањето во Полска. По дебклот од Италија со 9-0, поразот од Полска, доаѓа како ништо посебно.

Стрелци на головите за домашната селекција беа Лешник во 4 минута, Салата во 35 и 51 и Желаско во 67 минута.

Дебитантот на македонската клупа Горазд Михаилов со гол разлика 13-0 стартуваше на македонската клупа.

Претходно Македонија претпре пораз и во пријателскиот меч од Албанија со 2-0.