Реал Мадрид прокнижи нови три бодови во шпанската Примера откако со 7-1 го совлада составот на Селта Виго пред своите гледачи.


„Кралевите“ иако забележаа убедлива победа првиот погодок го постигнаа во 40-та минута. Гостите од Виго ги „отвори“ дефанзивецот Пепе кој погоди со глава од корнер.

Во вториот дел на сцена стапи Кристијано Роналдо кој од 58-та до 76-та минута успеа да постигне четири погодоци. Измеѓу головите на Португалецот, Иаго Аспас реализираше почесен погодок за гостите.

Шестиот гол за домаќините беше дело на Хесе Родригез, а погодок во камбекот на терените постигна и Герет Бејл.


Со овој триумф „лос бланкос“ се доближија на бод од Атлетико Мадрид и на девет од Барселона, но и двете екипи имаат меч помалку. 

OhridNews