Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино откри дека клубот ќе го пушти Хари Кејн да замине ако тој самиот побара да биде ставен на трансфер листа. Интерес за неговите услуги покажува Реал Мадрид, но за сега не е ништо официјално.

– Затоа што сум одговорен во клубот морам да ви кажам дека ако Реал Мадрид пушти понуда ќе ја одбиеме, бидејќи не помислуваме за продажба на Кејн. Сепак, ако фудбалерот сака да замине ние тогаш нема да го чуваме ќе го пуштиме да си ја проба среќата во друга средината. Исти такви ситуации беа со Герет Бејл и Лука Модриќ и ние како клуб не им попречивме во нивните желби. – изјави Покетино.

Реал Мадрид и Тотенхем имаат одлична соработка на трансфер пазарот. Бејл и Модриќ екипата од Сантијаго Бернабеу ги ангажираше токму од Лондон, а заедно за двајцата во различни трансфери плати околу 150 милиони евра.

OhridNews