Без победник (1-1) заврши градското дерби помеѓу Ливерпул и Евертон кое двете екипи го одиграа на Енфилд во рамките од 16-та рунда во Премиер лигата.

„Црвените“ без трите бодови останаа по грешката на главниот арбитар Крег Посон кој престрого досуди удар од белата точка за Евертон. Во погодок поклон пеналот го претвори Вејн Руни кој донесе реми за својот состав. Претходно, домашните фудбалери до водство дојдоа после евроголот на Мухамед Салах.

Ливерпул со освоениот бод нема да напредува и ќе ја задржи четвртата позиција на табелата, исто како и „карамелите“ кои се наоѓаат на десеттото место на табелата.

OhridNews