Манчестер Сити и Тотенхем прокнижија нови три бодови на табелата во најсилната англиска лига победувајќи ги Ватфорд (3-1) односно Свонси (2-0) во 22-та од шампионатот.

„Граѓаните“ на Етихад совладувајќи го Ватфорд (3-1) експресно им се вратија на победи после ремито со Кристал Палас. Триумфот на домаќините го најави Рахим Стерлинг кој резултатот го отвори во првата минута од мечот. Во 13-та минута Кристијан Кабаселе го зголеми водството на Сити затресувајќи ја сопствената мрежа. После еден час игра Сити поведе со 3-0, а стрелец на голот беше Серхио Агуеро. До крајот на мечот гостите постигнаа почесен погодок кој беше дело на Андре Греј.

Тотенхем до целиот плен на гостувањето на Либерти стадионот кај Свонси стигна со головите на Љоренте и Деле Али. Првиот погодок за водство на „петлите“ беше постигнат од офсајд позиција, додека вториот минута пред последниот судиски свиреж.

Резултати: Саутемптон – Кристал Палас 1-2, Свонси – Тотенхем 0-2, Вест Хем – ВБА 2-1, Мен Сити – Ватфорд 3-1.

OhridNews