Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, претставници на политичките партии, пратеници и други општественици, денеска се поклонија пред бистите на хероите од Илинденскиот периот во спомен паркот во центарот на Охрид.
Во рамки на чествувањето на големиот празник Илинден, делегација на Општина Охрид составена од советничките Ана Крстеска и Билјана Тодева Стојаноска, положија свежо цвеќе пред спомен обележјата кај Прентов мост и во селото Плаќе.
Поклон пред Илинденците во спомен паркот во Охрид и Плаќе
OhridNews

























