На пригодна свеченост што се одржа на плоштадот „Св. Климент Охридски“, беа доделени наградите на ученици, млади автори кои со својот талент, креативност и љубов кон пишаниот збор се издвоија со најдобрите литературни творби на конкурсот посветен на патронот на градот.

‎‎Награди им беа доделени на:

  • ‎Софија Стојаноска, ученичка во четврто одделение во ООУ „Христо Узунов“, добитник на прва награда во прва категорија (ученици од прво до петто одделение);
  • ‎Ана Спасеска, ученичка во седмо одделение во ООУ „Климент Охридски“, добитник на прва награда во втора категорија (ученици од шесто до деветто одделение);
  • ‎Иво Георгиески, ученик во трета година во ОСУ „Свети Климент Охридски“, добитник на прва награда во трета категорија (ученици од прва до четврта година средно образование).

 

Претходно бројни делегации, официјални лица и гости положија цвбеќе пред споменикот на заштитникот на Охрид.

Свеченостите беа заокружени со академија во катедралната црква Св. Софија на која беа доделени највисоките општински признанија „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“.

Г.М.

‎‎