Иако помина повеќе од еден месец од акцијата за собирање на отпад од електрична и електронска опрема, деновиве на повеќе локации во градот несовесните граѓани покрај контејнерите оставаат ваков вид отпад кој не смее да се меша со комуналниот.
Како што претходно најавија од Министерството за животна средина и просторно планирање, за оние граѓани кои не го почитуваат законот, ќе следат ригорозни казни.
Инаку, во опасен отпад спаѓаат монитори, компјутерски процесори, принтери, тастатури и останата компјутерска опрема, како и правосмукалки,телевизори, телефони, радио апарати, касетофони, факсови, звучници и друга опрема.
O.T.