Со затоплување на времето започнаа и активностите за уредување на земјоделските површини. И покрај силните апели на надлежните и воведување казни, граѓаните се уште тешко се одвикнуваат од навиката да го палат земјоделскиот отпад, со што често предизвикуваат поголема штета отколку корист.

Викендов од палење на стрниште кај Андон Дуков опожарена беше ниска вегетација непосредно покрај стариот пат Охрид – Струга, а во опасност беа доведени и околните дрвја и објекти.

Националниот парк Галичица и Територјалната професионална противпожарна единица од Охрид, деновиве, заеднички упатија апел до граѓаните да се воздржат од палење стрништа, со цел да не се заштити природата. Воедно тие потсетија дека за непочитување на законот предвидени се казни кои се движат од 1500 до 3000 евра за физички, односно од 6 до 8000 евра за правни лица.

OhridNews