Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје вечерва поднесе обвинение против шест лица за петкратното убиство што минатата пролет се случи на Смилковското Езеро крај Скопје. Обвинитето ги товари А.Д., А.И., А.И., С.Р.,Ф.А. и Х.А. за кривично дело „Тероризам“.
Обвинението беше покренато на истекот на крајниот рок, откако вчера со реконструкција на петкратното убиство беше комплетирана истрагата за случајот „Монструм“.
Четворица сведоци од кои еден заштитен, дале исказ за случувањата на 12-ти април која ладнокрвно беа аубиени четири млади момчиња и едно повозрасно лице.
Дел од осомничените за убиството се уште се недостапни за органите на прогонот.