Принцот Вилијам и неговата вереница Кејт Мидлтон го повикале членот на легендарните Битлс, Пол Мекартни да пее на нивната свадба, која е закажана за 29 април оваа година, соопштиле британските медиуми цитирајќи извор близок на парот.


Некогашниот член на ливерпулската група ќе биде ангажиран да испее неколку песни да еден од двата приеми кои ќе бидат организирани во Бакингамската палата. Меѓутоа сеуште е неизвесно дали Пол ќе го прифати повикот да настапи на свадбата на британското кралско семејство.