Најбогат музичар на светот е Пол Мекартни со богатство проценето на 800 милиони долари, пренеле медиумите. За време на успешната повеќедецениска кариера, Пол уште од времето на легендарните Битлси, е еден од најпознатите, а сега најбогат музичар на светот.Веднаш зад него, на второто место според богатството е Боно Вокс, фронтменот на групата U2. За време на својата кариера тој заработил 600 милиони долари. Познатиот пејач и текстописец, Џими Бафет, се наоѓа на третото место со 400 милиони долари.

Британецот Елтон Џон, кој е во брак со Дејвид Фурниш, со богатство од 320 милиони долари, се наоѓа на четвртото место. Во првите 15 музичари со најголемо богатство се наоѓаат уште и Мик Џегер, Стинг, Принц, Дејвид Боуви и др. Интересно е тоа што на листата се наоѓаат само две жени, и тоа, Гвен Стефани со 80 милиони долари и Стиви Никс од групата “Fleetwood” со 65 милиони долари.