Францускиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Пол Погба постави видео на својот официјален инстаграм профил во кое порака до сите љубители на фудбалот упатува Јане Велковски кој е дел од „Equalgame“ програмата на УЕФА. Погба споделувајќи го видеото на Јане во коментар напиша: Јане мој човек, биди силен се гледаме наскоро !

Деветгодишниот Јане Велковски не ја губи желбата за фудбал и покрај болеста Спинална Мускулна Атрофија (Spinal Muscular Atrophy – SMA) која го има врзано во количка. Тој со својата волја е дел од оваа програма во која покрај Погба се Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

На поддршката за Јане ќе се приклучат и охриѓани кои на 10 декември следната недела заедно со македонскиот херој ќе одиграат пријателски-хуманитарен натпревар во фудбал и ракомет.

Видео пораката на Јане можете да ја погледнете тука.

OhridNews