Францускиот репрезентативец Пол Погба летото 2016 година за тогаш рекордни 105 милиони евра од Јувентус се пресели во Манчестер Јунајтед, иако тогаш имал опција да го засили Реал Мадрид.

„Кралевите“ ја изедначиле понудата на „црвените ѓаволи“, а одлуката за следен клуб ја донел сам Погба слушајќи го срцето.

– Имав две понуди на маса и можев да бирам која ја сакам. Но, го одбрав Јунајтед, бидејќи тој клуб ми е во срцето и еден ден ветив дека ќе се вратам на Олд Трафорд. Не жалам за одлуката да го одбијам Реал Мадрид. – изјави Погба.

Французинот во Јувентус како слободен играч се пресели од Манчестер Јунајтед и се афирмираше во еден од најдобрите фудбалери во светот. Во дресот на „бјанконерите“, Погба освои четири титули во Серија А и две во Купот на Италија.

OhridNews