Иднината на францускиот репрезентативец Пол Погба во дресот на Манчестер Јунајтед доведена е под знак прашалник, откако менаџерот Жозе Мурињо дал зелено светло за негова продажба во летниот преоден рок.
Погба и Мурињо не се во најдобри односни, а нивната врска „пукнала“ после мечот со Вест Бромвич Албион, кој „ѓаволите“ го изгубија со 1-0, а португалскиот стручњак јавно го критикуваше Французинот за играта и незалагањето и променливата форма.
Најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед пред две недели јавно ги отфрли шпекулациите за негов трансфер во Манчестер Сити односно дека агентот на Погба го нудел на „граѓаните“ во зимскиот преоден рок.
Мурињо ги критикуваше и другите фудбалери и многу веројатно тимот на Манчестер Јунајтед следната година ќе има нов изглед. Покрај Погба на излезни врати се наоѓаа Ентони Марсијал, Матео Дармија, Дејли Блинд и Лук Шо.
OhridNews