Кошаркарите на АВ Охрид до 18 години од првата позиција на табелата ќе ги стартуваат мечевите од втората етапа во Младинската супер лига.

Првата фаза од шампионатот во кој се натпреваруваа со екипи од западот „галебите“ ја минаа први низ целта победувајќи на пет од шесте натпревари.

Прв ривал на избраниците на Тони Стојаноски ќе биде тимот на Ринија кој се наоѓа на претпоследната позиција на табелата. Мечот се игра во сабота со почеток во 15 часот.

OhridNews