Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс го следеше примерот на своите поранешни играчи од клубот и англиската репрезентација и започна менаџерската кариера. Сколс го презеде кормилото на Олдам кој се натпреварува во четвртата лига во англискиот фудбал.

Сколс целата кариера ја помина во Манчестер Јунајтед, но екипата на Олдам е првата љубов на еден од најдобрите фудбалери во ерата на Сер Алекс Фергусон на Олд Трафорд. За Сколс ова ќе биде прва самостојна работа, бидејќи претходно беше дел од стручниот штаб на Салфорд.

Во текот на фудбалската кариера Сколс со „црвените ѓаволи“ освои 11 титули во Премиер лигата, две во Лигата на Шампиони и три во ФА Купот пред да се повлече 2013 година.

Од неговите соиграчи во Манчестер Јунајтед тренерски активни се Оле гунар Солскјаер кој е предводник на „црвените ѓаволи“, Рајан Гигс е селектор на Велс, Рој Кин е десна рака на Мартин О`нил, додека од англиската селекција Френк Лампард е на чело на Дерби, а Стивен Џерард го предводи Глазгов Ренџерс.

OhridNews