Црквата денес се сеќава на двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, кои живееја во петтиот век, во времето на императорот Лав Велики. Во една прилика тие тргнаа на поклоничко патување по Палестина.

Во градот Назарет ја најдоа горната облека на Пресвета Богородица, што ја чуваше некоја правоверна Еврејка. Многумина се исцелуваа само со допир до облеката. Галвиј и Кандид ја зедоа ризата на Богородица и ја донесоа во Цариград, каде истата со голема свеченост беше положена во Влахернската црква.

По повод празник вчера беше одржана Празнична вечерна богослужба во манастирот Света Богородица Заумска со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Денес, пак, беше отслужена утрената богослужба, а од 09:00 часот се служи Света Архиерејска литургија со која чиноначалствува Митрополитот Георгиј.

OhridNews

фото. ДКЕ