На Саемот за туризам, кој од 24 до 26 април ќе се одржи во Скопје ќе присуствува познатиот турски глумец Necati Şaşmaz, попознат како Полат Алендер од хит серијата „Долина на волците“. Тој на 25 април ќе биде присутен на штандот на туристичката агенција  Let’s Travel  и ќе ја презентира програмата за претстојното лето во Кипар.

Најпознатиот балкански глумец,  кој од годинава е и новото заштитно лице на Let’s Travel, ќе потпишува картички за членство и лојалност кои на среќните посетители ќе им донесат дополнителни попусти на летните аранжмани за Кипар, информираат од агенцијата. На штандот на  Let’s Trave ќе биде присутен и заменик министерот за туризам на Северен Кипар кој ќе ги презентира  сместувачките капацитети и развојот на туризмот во Кипар.

OhridNews