Како што информираат од општинскиот Црвен крст, по чинот на фрлањето на светиот крст, биле извршени неколку интервенции.
15 капачи побарале помош поради студената езерска вода, најголем број од нив на возраст од околу 15 и 16 години. Евидентирани се и четири медицински интервенции, од кои три полесни хипотермички шокови и една интервенција поради посекотини. По фаќањето на крстот, екипите на Црвен крст интервенирале и во случај кога дете паднало во водата на езерото.
Забележани се и некоку случаи на алкохолизирани граѓани.
OhridNews












