А.Е. (18) од Тетово, во алкохолизирана состојба, потпирајќи се на оградата на скалите од петтиот кат, изгубил контрола и паднал на понискиот- четврти кат од објектот.
По интервенцијата на Брзата помош, повредениот А.Е. итно е пренесен во Општата болница во Охрид каде, по преземената медицинска интервенција е пуштен на домашно лекување.
Падот од скалите на петтиот спрат, се случил по излегување од станот во кој А.Е. како турист, бил привремено сместен и каде со негови пријатели испиле поголема количина водка.