Американската компанија „Хасбро“ одлучила од идните табли на популарната игра Монопол да се изфрли полето „затвор“. Играчите на оваа игра така повеќе нема да можат своите противници да ги испраќаат во затвор одреден број кругови. Својата необична одлука, производителот ја образложил со желба да ја забрза играта, како не би им станала здодевна на децата.

Имено, „Хасбро“, кој оваа игра ја произведува од 1935 година, забележал дека Монопол повеќе не ги привлекува толку децата, па заклучил дека би било добро да го скрати траењето на поединечните партии на триесеттина минути. Според Гинисовата книга на рекорди, играта досеа ја играле 500 милиони луѓе ширум светот.