Утрово во 03.40 часот на паркинг во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода две лица од Охрид на возраст од 28 и 29 години. При преглед на возилото во кое се наоѓале, била пронајдена бела прашкаста материја, а едното од лицата било затекнато како користи дрога.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

OhridNews