Со цел целосно спроведување на безбедносните протоколи за заштита на граѓаните од вирусот Ковид 19, СВР Охрид, деновиве реализира 260 контроли по хотелско-угостителски објекти, приватни станоиздавачи, вили и апартмани во Охрид и приградските населби.

Полициските службеници укажаа на потребата од строго спроведување на предвидените мерка за заштита од Ковид 19 и ги запознаа со казнените одредби за непридржување кон мерките. Беа информирани дека Министерството за внатрешни работи стави во функција бесплатен телефонски број 0800-00-201 и меил адреса [email protected], на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и недозволено собирање со цел организирана прослава во текот на Новогодишната ноќ и претстојните празници. – информира портпаролот Стефан Димовски.

Интензивни контроли и целосно спроведување на безбедносните мерки, СВР Охрид ќе презема и за зачувување на јавниот ред и мир, спречување на имотните деликти и зголемена сообраќајна безбедност на целото подрачје.

OhridNews