На подрачјето на Охрид од полициски службеници од СВР Охрид, вчера, откриени се седум мигранти од Мароко.

Лицата се приведени и предадени во Прифатниот центар во Гевгелија за понатамошна постапка. – информира СВР Охрид.

Синоќа, во 20 часот, во СВР Охрид приведена била 31-годишна охриќанка, која претходно, во семејниот дом, со остар предмет го нападнала нејзиниот сопруг.

По целосно документирање на случајот, против приведената ќе биде поднесена кривична пријава. – соопшти полицијата.

Полицискиот билтен за претходниот ден бележи и еден пожар, кој се случил утрото во месноста Мауцкер. Според извештајот се запалило жито во камионска приколка. Повредени нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид.

OhridNews