Неколку познати белгиски фудбалски клубови се предмет на полициска истрага за наводни измами при трансфер на играчи, информираaт англиските медиуми.

Се испитуваат скаути, судии и функционери од најпознатите клубови како Андерлехт, Клуб Бриж и Стандард Лиеж, објавија белгиските медиуми.

Менаџерот на Клуб Бриж, Иван Леко, е испрашуван, заедно со истакнатиот белгиско-ирански агент, Моги Бајат.

Повеќе од 200 полицајци учествувале во рациите во неколку земји.

Полицијата, исто така, изврши рација во имоти во Франција, Луксембург, Кипар, Црна Гора, Србија и Македонија, се вели во соопштението на обвинителството.

Според информациите, голем број луѓе сега се соочуваат со сослушување.

Сослушувањето на Леко, чиј тим Клуб Бриж се бори да го задржи своето место во Лигата на Шампионите откако загуби со 3-1 од Атлетико Мадрид минатата недела, беше потврдено и од клубот.

Според извештаите Бајат бил уапсен во неговиот дом во средата. Агентот, наводно, е една од главните цели на истрагата за финансиска измама и перење пари.

OhridNews